Успешно ја реализиравме работилница „Иновативно управување за смела климатска акција“ во рамките на проектот „Climate Bridges – Network in Action“, одржана на 20-ти мај во хотел Мериот, Скопје!
На работилницата присуствуваа претставници од институциите, граѓанскиот сектор и меѓународни организации, со цел размена на знаења, искуства и идеи за поефикасна климатска акција.
Работилницата овозможи отворена дискусија за:
• Интеграција на климатските политики во институционалните процеси
• Климатско буџетирање како алатка за одржлив развој
• Приоритети и следни чекори за 2025–2026 година
Преку интерактивни групни сесии, учесниците идентификуваа клучни предизвици и понудија конкретни решенија за подобрување на меѓуинституционалната координација и финансирањето на климатските активности.
Интерсекторската соработка и интегрирање на политиките за климатска акција во работата на релевантните институции се предуслов за добро управување и климатска акција. Сепак, присутните идентификуваа бројни предизвици поврзани со недоволна координација, неусогласеност на законската регулатива, неквалификуван кадар и ниска реализација на решенија кои допринесуваат за климатска акција. Информирање на граѓаните, но и образованието како и подобри законски решенија се прашања кои треба хоризонтално да се интегрираат во моменталните политики.
Климатското буџетирање е клучниот чекор што мора да го преземеме за да обезбедиме одржлива иднина. За да стане реалност, потребно е да се воспостават законски обврски во Законот за климатска акција, да се обезбеди дел од буџетот кој задолжително ќе биде наменет за климатски мерки, и да се воведе транспарентен систем за следење на резултатите. Средствата собрани од прекршоците и надоместоците, треба да се реинвестираат во зелени проекти, а субвенциите да даваат предност на иницијативи со климатска компонента. Подддршка на волонтеризмот, родовата еднаквост мора да биде вклучена како хоризонтален принцип во сите програми, а јавноста навремено и јасно информирана.
Приоритети за климатска акција во наредните 12 месеци – избрани од учесниците на националната работилница:
- Обезбедување на квалификуван кадар и континуирани обуки. Присутните ја нагласија потребата од стручни тимови и редовна едукација за институциите, локалните самоуправи и другите засегнати страни.
- Климатската акција да стане висок приоритет.
- Формирање посебни одделенија за клима во секоја институција, како механизам за ефикасна координација, спроведување и мониторинг на климатски политики и мерки.
Исто така, беше поставена основата за создавање на неформална мрежа на „климатски шампиони“ – двигатели на промени на локално и национално ниво, како еден од најзначајните резултати од настанот.
Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа работилница!
Работилницата се одржа во рамките на проектот “Climate Bridges – Network in Action”. Овој Проект е дел од EUKI – European Climate Initiative на Федералното министерство за економски прашања и заштита на климата (#BMWK) , а се спроведува од Urban Research Institute , CIPRA International, Udruga Zelena Istra, CENER 21, Center for Energy, Environment and Resources и Центар за климатски промени/Center for Climate Change
Напишете коментар