На 24 декември 2019 година (вторник) Центар за климатски промени организира обука за мали и средни претпријатија на тема: „Примена на концептот за зелена економија во мали и средни претпријатија“ која ќе се одржи на 24.12.2019 година, во хотел Карпош, Скопје, со почеток во 10:00 часот. Линк од локацијата на хотелот (https://goo.gl/maps/D3xo4UpsABxrpiNCA).
На обуката ќе бидат презентирани содржини за имплементација на систем за управување со енергија во МСПа (модели на потрошувачка), систем за енергетски менаџмент, зелени работни места, ефикасно искористување на ресурсите, зелена економија и придобивките од примената на зелена економија.
Предавач на обуката ќе биде доц. д-р. Даниела Младеновска, UNIDO Експерт за енергетска ефикасност и CASO.
На сите учесници кои не се од Скопје, ќе им бидат исплатени патни трошоци во висина на приложената повратна автобуска карта од локацијата од каде доаѓаат.
Со цел подобра организација на обуката Ве молиме пријавето го Вашето присуство на: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com најдоцна до 23.12.2019 година.
Обуката е оргнаизирана во рамките на проектот „Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот за зелена економија“. Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот „GEAR-Зелена економија за развој на регионот“ финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2016-2017, имплементиран од страна на Еко-свест, Центар за истражување и информирање за животната средина, Скопје во партнерство со СМАРТ Колектив од Србија, Центар за поддршка и развој од БиХ, и Асоцијацијата Слап од Хрватска, Eden Center од Албанија и Fors Montenegro од Црна Гора.
Овде можете да ги превземете Aгендата и Поканата за обуката.
Покана [Превземи]
Агенда [Превземи]