МОСТОВИ ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА – МРЕЖАТА ВО АКЦИЈА – СРЕДБА НА ПАРТНЕРИТЕ

објавено во АКТИВНОСТИ, ОБЈАВИ | 0

Еколошките организации од Западен Балкан започнуваат нов проект за подобро управување со климатската акција во земјите од Западен Балкан. 

ТИРАНА, АЛБАНИЈА – На 30 и 31 јануари 2025 година, членовите на проектот „Climate Bridges – Мрежата во акција“ се собраа во Тирана на двoдневна стратегиска средба за да ja продолжат работата на мрежата Climate Bridges. Главната цел на средбата е да започне со планирање и координирање на напорите за зајакнување на транснационалната климатска акција и подобрување на моделите на управување во регионот. Оваа соработка ќе помогне во усогласувањето на локалните приоритети со пошироките климатски цели и ќе поддржи имплементација на поефективни регионални политики за клима. Мрежата „Climate Bridges“ ги обединува еколошките организации од цел регион, вклучувајќи ја водечката организација Институт за урбанистички истражувања (Албанија), CIPRA International (Австрија), CENER 21 (Босна и Херцеговина), Здружението „Зелена Истра“ (Хрватска) и Центарот за климатски промени (Северна Македонија). Овие организации споделуваат експертиза во климатско управување, енергетски решенија, застапување и имплементација на политики за подобра животна средина и климатски промени.

Поддршка за регионална климатска акција 

Оваа стратешка средба е важен напредок во решавањето на климатските предизвици со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан. И покрај напредокот во развојот на националните климатски стратегии, земјите во регионот сè уште се соочуваат со значителни пречки во имплементацијата на политиките и координацијата. Со воспоставување на унифицирана рамка за дејство, иницијативата „Climate Bridges“ има за цел да ги премости овие јазови и да поттикне ефективни климатски политики на транснационално ниво.

• Девет кампањи кои ќе се фокусираат на критични прашања како што се постигнување климатска неутралност, одржлива мобилност и праведна транзиција, ќе ја зголемат свесноста и ќе поттикнат вклученост на заедницата.

• Две општини – една во Албанија и една во Македонија, ќе развијат локални акциски планови за Зелена Агенда за да обезбедат инклузивна и одржлива транзиција.

• Четири национални настани и два транснационални форуми ќе овозможат соработка меѓу граѓанското општество, владите и другите засегнати страни.

• Создавање заеднички ресурс за собирање на најдобри практики за ублажување на климатските промениниз регионот.

• Развој на манифест за транснационално управување со климатска акција во Западен Балкан.

• Конкурс за најдобра имплементација на климатски политики, со церемонија на наградување на најуспешните решенија.

              Посилна, обединета мрежа 

Проектот „Climate Bridges“ се гради на успехот од претходната фаза на спроведувањето на проектот, која започна во 2021 година со само четири организации. Од тогаш, мрежата значително се прошири и сега вклучува 35 организации од цел Западен Балкан и пошироко. Ова проширување создаде моќна, поврзана група на засегнати страни кои работат заедно за справување со климатските промени на повеќе нивоа. Иницијативата нагласува дека климатските промени но и решенијата за нив не познаваат граници. Преку оваа рамка за соработка, проектот поттикнува долгорочни партнерства кои ќе продолжат да поттикнуваат дејствување низ регионот и по завршувањето на проектот во март 2027 година.

 

Поглед нанапред

Како што Мрежата „Climate Bridges“ продолжува, таа ќе продолжи да биде модел за регионална соработка, покажувајќи дека заедничките напори можат да доведат до ефективно управување со климатска акција, зајакнување на капацитетот и посилни климатски политики. Истакнувањето на локалните контексти, во комбинација со регионален пристап, обезбедува дека Западниот Балкан ќе биде подобро подготвен да ги постигне своите климатски цели и да се соочи со идните предизвици.

Сакате да се приклучите на Мрежата „Климатски мостови“?

Доколку сте заинтересирани да се приклучите на оваа динамична мрежа и да придонесете за подобра климатска акција во Западен Балкан, ве покануваме да се обратите до нас.

За повеќе информации или за да се вклучите, контактирајте не на е-маил: network@climate-bridges.com