Центар за климатски промени започна со спроведување на проектот „Младински активизам за позелени општини”, во партнерство со Македонско здружение на млади правници – МЗМП, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН и Здружението на млади Креактив.
Проектот Младински активизам за позелени општини (во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година. Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели:
- Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво;
- Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и
- Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво. Заради остварување на предвидените цели проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти. Првата компонента ќе опфаќа развивање на дигитална алатка за спроведување на обуки и курсеви за младински активисти на теми поврзани со заштита на животната средина, климатските промени и еко-активизам. Дополнително, ќе биде спроведена програма за обуки на млади правници за заштита на животната средина. Во рамки на втората компонента Проектот ќе развие прирачници и упатства за воспоставување процедури за вклучување на младите во процеси поврзани со животната средина, како и ќе се поддржат конкретни општини со изработка на акти и документи поврзани со оваа тема. Третата компонента ќе вклучува финансиска и менторска поддршка на младински организации и активисти за спроведување на конкретни иницијативи во локалната заедница.