Успешно го реализиравме мапирањето на ризиците кои се однесуваат на природните катастрофи предизвикани од климатските промени во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, финансиран преку проектот Граѓанските Организации во акција за климатски промени, имплементиран од Еко-свест, МЗМП и ЦНВП.
Зошто овој проект е толку важен за сите нас?
Климатските промени не се далечна закана. Влијанијата се реални, видливи и се случуваат токму сега, загрозувајќи ги нашите живеалишта, економијата и заедницата во која живееме.
Со идентификување на ризичните области во нашата општина, го отвораме патот кон зајакнување на локалната заедница за подобро справување со негативните влијанија од климатските ризици и природните катастрофи.