Нашата економија, во која микро, малите и средните претпријатија се најзастапени, се одликува со ниска енергетска продуктивност. Користиме повеќе од двојно енергија од земјите во ЕУ за иста вредност на произведена стока односно услуга. Ова ја прави националната економија неконкурентна и укажува на постоење огромен потенцијал за порационално користење на енергијата.
Бизнис секторот, значајно придонесува во негативните влијанија врз животната средина и емисијата на стакленички гасови, па затоа ЦКП посветено работи на реализација на активности кои ќе резултираат во подобрување на работата на микро, малите и средни претпријатија преку намалена потрошувачка на енергија, намалување на трошоците за производство но и подобрување на еколошките перформанси на компаниите.
Прочитајте повеќе во нашиот документ за јавни политики за тоа како да ја поттикнеме енергетската ефикасност во микро, малите и средни претпријатија. https://lnkd.in/eesqKyvF
Документот е изработен во рамките на иницијативата „Зголемување на отпорноста преку намалување на трошоците за енергија за намалување на ефектите од енергетската криза и за подобрување на деловните услуги“ која ја спроведува Центарот за климатски промени, а е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Strategic Development Consulting.