На 24.09.2019 година, во Битола, се одржа вториот информативен состанок за влијанието на аерозгадувањето врз здравјето на луѓето во Битола. Состанокот се одржа со цел да се информираат сите засегнати страни на територија на Општина Битола и Општина Новаци за здравствените аспекти и аспектите во животната средина од влијанието на аерозагадувањето како еден од најголемите причинители на респираторни болести во Република Северна Македонија. Во рамките на состанокот беа презентирани основните демографски и социоекономски показатели за Битола, квалитетот на воздух, морбидитет и морбилитет како и резултатот од проценката на влијанијата на загадениот воздух врз здравјето. На состанокот присуствуваа Градоначалничката на Општина Битола, г-ѓа Наташа Петровска, Градоначалникот на Општина Новаци г-дин Љубе Кузманоски, Директорот на Ј.П. Комуналец Битола г-дин Панде Богоевски, Директорот на клиничка болница Битола Д-р Зоран Лазаров и Заменик директорката на клиничката болница Др. Жаклина Сервини, Директорката на Центар за јавно здравје Битола Прим. Д-р Елизабета Крстева, Директорот на РЕК Битола, г-дин Златко Ќурчиевски, Државниот инспектор за животна средина, г-дин Зоран Димовски, локален инспектор за животна средина и Раководител на сектор за ЛЕР од Општина Новаци, професори од Техничкиот факултет во Битола, претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање, граѓански организации од Битола и други релевантни организации.
Во текот на состанокот присутните имаа можност да разговараат за моменталната состојба со аерозагадувањето во Битола, ризиците од аерозагадувањето, причините кои доведуваат до тоа и што може да се направи со цел да се намалат истите и да се подобри јавното здравје односно квалитетот на живот во општината. Состанокот заврши во 13 ч, со работен ручек и продолжена дискусија за здравствените и еколошки ризици како и условите за живот и благосостојба во Битола.
Информативниот состанок се одржа во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс во прекуграничниот регион“ (TRAP), спроведуван од Центар за климатски промени – Гевгелија и Министерство за животна средина и просторно планирање, а на почетокот на состанокот беше направена и кратка презентација за проектните активности кои ќе се реализираат на територија на Општина Битола.