Центар за климатски промени започна со спроведување на проектот „Зголемување на свеста за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта во Република Северна Македонија“. Проектот е финансиран од Австралиска Амбасада во Белград во рамките на програмата за директна помош ДАП.
Целта на проектот е да се зголеми свеста на јавноста, учениците и наставниците за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта и последиците по здравјето на децата од одредена изложеност на загадениот воздух.
За постигнување на целите на проектот планирани се три активности:
- мерење на внатрешното загадување на воздухот во 10 основни училишта во општина Карпош
- организирање на едукативни предавање и работилници за 500 ученици за загадувачките супстанци на воздухот и негативните здравствени ефекти од загадување на воздухот
- завршна конференција
Времетраење на проектот е 11 месеци, од јуни 2020 година од мај 2021 година.