Центар за климатски промени, Гевгелија, започна да го спроведува проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ (IBiSEAit)“.
Проектот се спроведува на територија на Р. Македонија (Југозападен и Југоисточен регион) и на територија на Р. Грција (Општина Солун и Општина Флорина).
Партенери на проектот:
Водечки партнер: Грчката асоцијација за ИТ, телекомуникациски апликации и нови технологии (Р. Грција)
Проектен партнер 2: Општина Термикос (Р. Грција)
Проектен партнер 3: Општина Лагадас (Р. Грција)
Проектен партнер 4: Управен и административен орган Технополис Тесалоники
Проектен партнер 5: Центар за климатски промени – Гевгелија
Проектен партнер 6: GS1 Македонија
Времетраење на проектот: 18 месеци (10.05.2018 – 09.11.2019)
Целта на проектот е зајакнување на претприемништвото во прекуграничната област помеѓу Р. Македонија и Р. Грција, преку формирање на инкубатори. Проектот има за цел формирање на нови индивидуалци, претпријатија од областа на морето, земјоделството и животната средина и зајакнување на постојните.
Новите претприемачи и веќе постоечките ќе имаат можност во рамките на инкубаторите да се стекнат со професионална обука преку менторство и консултации за претприемништво, што ќе им овозможи полесно да ги совладаат правните, административните и финансиските потешкотии од областа на претприемништвото.
Во рамките на проектот ќе се реализираат следните активности:
- Изработка на веб страна за проектот
- Студија за истражување на алатките за финансирање на инкубаторот
- Формирање на мрежа помеѓу инкубаторите за поддршка на претприемништвото
- Организирање на конференции за промоција на мрежата на инкубаторите
- Подготовка на техничка документација и реновирање на постоечка инфраструктура за отворање на инкубатор
- Организирање на информативни и едукативни семинари за претприемачи
- Организирање на завршна конференција за постигнатите резултати од проектот
Напишете коментар