Во септември 2010 година, Центарот за климатски промени и Норск Енерги започнаа да работат на тригодишна програма „Зајакнување на капацитетите на МЖСПП за ИСКЗ и управување со опасен отпад. Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање за издавање на А интегрираните еколошки дозволи и да ги подобри капацитетите за управување со опасен отпад. Програмата се состои од 2 посебни компоненти:
Компонента 1: Интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ), која ја опфаќа подршката за Министерството за издавање на А интегрираните дозволи за македонската индустрија и обезбедување на долгогодишна техничка поддршка во владините институции за изработка и издавање на дозволите во согласност со ИСКЗ Директивата и идните ЕУ Директиви за интегрирано спречување на загадувањето, односно Директивите за контрола на емисиите.
Компонента 2: (Управување со отпад), ќе се фокусира на проблемите за управување со опасен отпад кои се евидентни во Македонија. Со помош на Националната Стратегија за Управување со отпад 2008-2020 како почетна точка, целта на проектот е да ги мапира локациите, количините и видовите на опасен отпад кои постојат на локациите за складирање. Друг клучен елемент е оваа компонента да ја мапира и систематизира индустријата која генерира опасен отпад како резулт на своето секојдневно работење, вклучително и карактеризација на видовите, количините и проценка на системите за третман.