Проектот е имплементиран од Центар за климатски промени во соработка со Општина Карпош и е субгрантиран во рамките на проектот „Здружени сили за заеднички интереси“ финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014, имплементиран од страна на Координативен Одбор за Волонтерски Услуги (ЦОСВ), Италија, подружница Прилеп во партнерство со ЦГИ Прилеп и ЖГИ Антико Скопје.
Проектот се спроведува на територија на Општина Карпош. Целна група се жителите на Општина Карпош (60 000 жители).
Времетраењето на проектот е 5 месеци поточно од март 2018 до август 2018 година.
Вкупниот буџет на проектот е: 365.060,00 МКД
Општата цел на проектот е зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на партиципативна демократија на локално ниво.
Во однос на специфичните цели на проектот дефинирани се две и тоа се:
- Подобрена соработка на граѓанското општество и локалната самоуправа преку спроведување на заеднички акции и активности;
- Зголемен број на спроведени заеднички акции помеѓу граѓаните и општината со цел подобрување на квалитетот на животната средина, здравјето и безбедноста на граѓаните во Општина Карпош.
Планираните активности се имплементирани во рамките на 5 главни компоненти и тоа:
- 1. Спроведување на истражување за условите на животната средина и здравјето на граѓаните во Општина Карпош и утврдување на приоритетите во Општината
- 2. Формирање на заедничка работна група за решавање на заедничките проблеми од областа на животната средина
- 3. Спроведување на 3 заеднички активности за подобрување на условите на животната средина и здравјето на граѓаните
- 4. Спроведување кампања за подигнување јавна свест за здрава животна средина и безбедност во сообраќајот
Очекуваните резултати од спроведувањето на проектот се:
- Подобар квалитет на животната средина;
- Подобрена безбедност и подобар квалитет на животот и здравјето на луѓето;
- Зголемена и подобрена соработката меѓу граѓанското општество и Општината