Енергија од отпад за одржлива иднина!

објавено во ПРОЕКТИ | 0

 

Центар за климатски промени започна со реализација на проектот „Енергија од отпад за одржлива иднина!“. Со проектот сакаме да постигнеме преку теоретска и практична едукација младите да се активираат во кампања за одржлив развој преку промоција на циркуларна економија и waste to energy. Проектот е финансиран од Пакомак Доо Скопје, во соработка со Цементарница Усје.

 

Цели на проектот:

 

  • Развивање на концептот за рециклирање на отпад
  • Едукација за на добивање на енергија од отпад
  • Промоција на концептот за циркуларна економија

 

Целна група:

  1. Ученици во основните училишта во Скопје, акцент на училишта во општина Кисела Вода и Општина Аеродром.
  2. Студенти од техничките факултети во државата

 

Во рамките на проектот се предвидени следните активности:

  1. Летен курс за одржливо постапување со отпад  – Да го разделиме отпадот е “COOL“
  2. Едукативна кампања во основните училишта во Општина Аеродром и Општина Кисела Вода
  3. Студентски конкурс: Циркуларна економија и одржлив индустриски развој

 

Времетраење: шест месеци, од јули до декември 2019 година.