Дводневен форум на тема „Со бизнис идеја до сопствен бизнис“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени, на 14 и 15 Мај 2019 ќе организира дводневен форум на тема „Со бизнис идеја до сопствен бизнис“, во хотел Есперанто Струмица.

На форумот ќе бидат дискутирани и презентирани добри практики за отпочнување сопствен бизнис, потребите од бизнис план и стратешко планирање, како да ја зголемите продажбата, како да ги позиционирате и промовирате своите производи, а исто така ќе бидат презентирани и можностите за финансирање на нови бизниси кои ги нуди Агенцијата за вработување, финансиски инструменти достапни за млади претприемачи во Фондот за иновации и технолошки развој и сл. Воедно, ќе биде презентиран и акцелераторот на знаења за мали и средни претпријатија а исто така и состојбата со претприемништвото во Југоисточниот регион.

Главни говорници на Форумот се г-дин Калин Бабушку и г-дин Петар Лазаров од Македонија Експорт, признаени експерти од областа на основање и водење бизнис, луѓето кои го создадоа брендот Мамас кој се продава во повеќе од 40 земји во светот, „Tip of the Week“ кој се продаде во 30.000 – 40.000 копии во 4 земји од светот, а кои во моментот работат на развој на 2 нови брендови.

Бројот на учесници е ограничен на 30, а селекцијата ќе се одвива на принципот прв дојден прв услужен. Заинтересираните учесници треба да достават пополнета пријава на ckp.gevgelija@gmail.com,најдоцна до 13ти мај 2019.

Сместувањето и оброците во текот на форумот се покриени од страна на организаторот. Транспортните трошоци се рефундираат со приложување на автобуска карта, но износот на рефундација не може да надмине 600 ден.

Настанот е организиран во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзан со море, животна средина и земјоделство и ИТ“, финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија.

 

Покана [Превземи]

Агенда [Превземи]

Пријава за форум [Превземи]