Почнувајќи од октомври 2008 до септември 2009, ЦКП заедно со норвешката компанија Норск Енерги ја реализираа програмата „Градење на локалните капацитети за развој на проекти за климатските промени“. Во рамките на оваа програма неколку работилници беа организирани со главна цел развој на проекти, тренинг на DNA експерти, изработка на PIN и PDD документи од каде произлегоа и беа идентификувани 4 потенцијални CDM проекти.
Дополнителен резултат од програмата е зголемената јавна свест за бизнис можностите во рамките на CDM проектите, иницирање на идентификација на проекти, листа на изготвени проектни идеи (PIN), изготвени се неколку PIN, зголемено знаење за CDM концептот и развој на PDD од страна на засегнатите страни и локалните експерти, и на крајот како најголемо достигнување, зголемени шанси за Македонија да ја ужива користа од долгорочните придобивки од имплементацијата на CDM проектите.
Резултати од проектот: Зајакнати капацитети за развој на CDM проекти на национално ниво, зголемена свесност за CDM и неговото значење, развиени 11 проектни идеи (PIN) и 4 PDD (Project Design Documents).