Бесплатна обука „НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ ЗА ЕНЕРГИЈА ЗА ПОГОЛЕМА КОНКУРЕНТНОСТ НА ВАШИОТ БИЗНИС“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0
Одлична можност за микро, малите и средни претпријатија. Пријавете се на дводневната бесплатна обука која има за цел да Ви овозможи подобрување на енергетската ефикасност и да Ви ги доближи можностите за искористувањето на обновливи извори на енергија во Вашите производствени процеси.

Обуката ќе се одржи на 5-ти и 6-ти октомври 2023 година, со почеток од 10 часот во просториите на Стопанската комора на Македонија („Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје). Обуката ќе се фокусира на подобро разбирање на процесите на следење, контрола и анализа на потрошувачката на енергија, односно на финансиските придобивките и главните чекори во имплементацијата и одржувањето на системот за управување со енергија. Компаниите ќе се запознаат со карактеристиките и специфичностите на опремата и можностите за оптимизирање со цел работа во најефикасен опсег. Искористувањето на отпадната топлина како и обновливите извори на енергија на самата локација е исто така значаен дел од обуката. На крајот, обуката ќе даде преглед на основните економски показатели за оценка на исплатливоста на инвестициите.

Дел од компаниите кои ќе ја посетат обуката ќе имаат можност да добијат бесплатна консултантска помош за имплементација на мерки за енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија, изработка на физибилити студија и информации за можностите за финансирање на идентификуваните инвестиции во физибилити студии.

Обуката ќе ја спроведуваат д-р Даниела Младеновска, UNIDO сертифициран експерт за системи за управување со енергија, и проф. д-р. Ристо Филкоски, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје кои поседуваат долгогодишно искуство во имплементација на мерки за енергетска ефикасност и оптимизација на процеси во реалниот сектор. Проф. Филкоски е исто така UNIDO сертифициран експерт.

Обуката се организира во рамките на проектот „Активности за јакнење на деловниот сектор“, финансиран од USAID и Консалтинг за стратешки развој. Центар за климатски промени во рамките на овој проект го спроведува проектот „Зголемување на отпорноста на ММСП преку намалување на трошоците за енергија со цел да се надминат ефектите од енергетската криза и да се подобрат деловните услуги“.

Рокот за пријавување е до 02.10.2023 година на ckp.skopje@gmail.com.

Сместувањето на учесниците на обуката (за оние за кои тоа е потребно), ќе биде обезбедено од страна на организаторот – Центар за климатски промени.

Агендата за обуката можете да ја погледнете на следниот линк