Арачиново: Денес, Градоначалникот на Општината, г. Даут Беќири, беше на терен за одблиску да ги инспектира работите кои се одвиваат во селото Орланци, во рамки на проектот за реконструкција на Улица 1 и Улица 2.

објавено во Општински вести | 0
Денес, Градоначалникот на Општината, г. Даут Беќири, беше на терен за одблиску да ги инспектира работите кои се одвиваат во селото Орланце, во рамки на проектот за реконструкција на Улица 1 и Улица 2.

Во моментов се врши насипување со чакал и се спроведуваат неопходните технички подготовки, како значајна подготвителна фаза пред финалното асфалтирање.

Двете улици, Улица 1 и Улица 2, ќе бидат целосно асфалтирани, со што значително ќе се подобри патниот сообраќај и условите за живот на жителите на селото Орланци.

Градоначалникот Беќири истакна дека Општината останува посветена на реализацијата на инфраструктурни проекти кои имаат директно влијание врз животот на граѓаните, со цел создавање побезбедни патишта и одржлив локален развој.


Извор: Општина Арачиново