Започнуваме со ново истражување поврзано со навиките за штедење на енергија во домаќинствата.
Целта на истражувањето е го добиеме вашето мислење во врска со потрошувачката на енергија во вашите домови, но и да ги анализираме Вашите навики за користење на енергијата што ќе ни овозможи да предложиме мерки за заштеда и промена на однесувањето со цел поголема енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија.
Воедно, проектот овозможува и мерење на потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата кои ќе се согласат на тоа. На тој начин ќе имаат можност да ги идентификуваат апаратите кои се најголеми потрошувачи во нивниот дом, но и да направат промени кои ќе им донесат енергетски и финансиски заштеди преку примена на мерки за енергетска ефикасност и промена на однесувањето. За таа цел
Ве молиме пополнете ја анкетата достапна на следниот линк!
Оваа анкета е подготвена од страна на Центар за климатски промени, во склоп на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, финансиран од Шведска, а имплементиран од страна на UNDP во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје. Мислењата искажани во овој документ се на авторот и не е нужно да ги рефлектираат ставовите на донорот или субјектите кои го имплементираат проектот.