Центар за климатски промени (ЦКП) има огромно искуство во изработка на:
- Енергетски прегледи за згради и индустрија со што можете лесно да ја утврдите потрошувачката на енергија во вашата компанија, вклучително и потрошувачката во административните објекти, но и потрошувачката во производните капацитети
- Студии за енергетска ефикасност во индустриски сектор, вклучително со анализа за економска исплатливост на инвестицијата
- Воспоставување на систем за енергетски менаџмент заедно со менторство за правилно искористување на енергијата во индустриските процеси и промена на однесувањето кон начинот на користење на енергијата во производствените процеси,
- Нудиме и иновативни решенија за искористување на обновливи извори на енергија во индустриски процеси на претпријатијата.
- Обуки за енергетска ефикасност, енергетски менаџмент за вработени во индустријата вклучително и микро, мали и средни претпријатија
ЦКП изработи и алатка за следење на потрошувачката на енергија (EnMS tool), чија цел е да ви овозможи подобро управување со енергијата во вашата компанија. Со алатката имате можност да направите брза проверка да проверите колку рационално ја трошите енергијата (електрична енергија или друг вид на енергент кој го користите), врз основа на оствареното производство и климатските податоци на конкретната локација. За да пристапите до алатката Ве молиме кликнете тука
Исто така нашата организација Ви овозможува и полесен пристап до финасии преку подготвениот финансиски каталог. Во каталогот се достапни сите финансиски инструменти кои можете да ги користите со цел финансирање на мерки за енергетска ефикасност, енергетски менаџмент или поголемо искористување обновливи извори на енергија. Каталогот е достапен на следниот линк
Со цел запознавање со основите на енергетскиот менаџмент и начините за заштеда на енергија пристапете кон Прирачникот за управување со енергијата и енергетска ефикасност на следниот линк