Во ноември 2022 година, започна спроведувањето на проектот „Поттикнување одржливи начини за работа во новата дигитална ера“ (“Fostering sustainable ways to work in the new digital era“ – SustainABLE). Проектот е имплементиран од страна на Центар за климатски промени, лидер на проектот и проектните партнери BICC Sandanski од Република Бугарија и Геосфера Битола, а финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата (Еразмус +).
Целта на проектот е воведување на одржливи работни практики, преку промена на однесувањето на луѓето кои работат во граѓански организации (ГО), но и преку подигање на свеста и развивање на квалификации за спроведување на одржливи работни практики засновани на клучните принципи за одржливост (пр. циркуларна економија, енергетска ефикасност, одржлива храна и мобилност, работа од дома итн.). Така што, преку ваквите активности особено во новата дигитална ера ќе се овозможи зелена/дигитална транзиција која директно ќе придонесе кон намалување на CO2 емисиите и минимизирање на јаглеродниот отпечаток.
Воедно, целите и проектните активности согласно проектот SustainABLE даваат основа за поврзување со некои од Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (SDGs). Согласно таргетите и индикаторите пропишани за секоја од целите за одржлив развој, преку спроведување на овој проект има можност да се придонесе кон постигнување на некои од овие цели.
Во рамките на овој проект, работевме напорно за да поттикнеме промена во однесувањето на организациите, да ја промовираме потребата за воведување на одржливи практики, а успеавме и да дефинираме начини за спроведување на одржливи практики во организациите.
Постигнати резултати во рамките на проектот SustainABLE:
- Спроведено истражување на подготвеност на НВО во поглед на примена на одржливи практики на работното место, вклучувајќи три аспекти (деск истражување, онлајн анкета, фокус групи) со цел добивање на детална слика за моменталната состојба и потребите на овие организации како и предизвиците со кои се соочуваат при имплементирање на одржливи практики и кои се можностите за подобрување. Истражување е спроведена во С. Македонија и Бугарија и потоа се подготвени споредбена анализа и извештај. Компаративниот извештај и достапен на следниот линк.
- Развиена алатка за самооценување на одржливи практики, која има за цел да и помогне на секоја организација да ја процени имплементацијата на одржливите практики и нивото на усогласеност со Патоказот за одржливост. Оваа алатка е достапна и применлива на повеќе засегнати страни, како бизниси, комори, компании, општини, училишта и сите оние кои имаат работен простор и канцеларии.
- Изработен Патоказ за одржливи работни практики кој има за цел да ги мотивира и поддржи примарно организациите од граѓанскиот сектор да имплементираат одржливи мерки во рамките на работното место.
4. Изработен Водич за одржливи работни практики како продолжение на Патоказот. Овие документи се тесно поврзани, односно во Водичот се претставени конкретните препораки и чекори за имплементирање на мерките за примена на одржливи практики од Патоказот.
5. Подготвена Тренинг програма за одржливи дигитални практики, која се состои од 6 сеопфатни модули, водејќи се по клучните принципи на одржливост: енергетска ефикасност, управување со отпад, одржлив транспорт, работа на далечина, дигитализација, со посебен фокус и на методот – промена на однесувањето како клучна компонента од овој процес. Секој модул содржи материјали за учење како што се презентации, водич, структури за презентација и формулари за евалуација. Овие модули се дизајнирани да овозможат корисниците да се здобијат со разбирање на одржливите работни практики, како и знаењата и алатките неопходни за ефективно спроведување на овие практики.
Преземете ја Тренинг програмата на следниот линк.
6. Спроведена Пилот програма на организации за имплементирање на Патоказот за одржливи практики, преку прилагодување на Патоказот на профилот и специфичните потреби и профил на секоја од организациите. Во рамките на оваа активност вклучени се Меморандуми за соработка со пилотираните организации, доделена им е Политика за одржливост и Сертификати за учество на програмата и придонес кон проектот.
За пристап до студиите на случај кликнете тука.
Сертифицирани организации како дел од пилот програмата за примена на Патоказ за одржливи практики:
- Здружени за заштита и унапредување на животната средина – Еко-Живот Кавадарци
- Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД Скопјe
- Центар за истражување и информирање за животната средина – Еко-Свест Скопје