Центарот за климатски промени во рамките на својот проект „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ реф. Бр. 2007CB16IPO007 – 2012- 3 – 026, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, објавува повик за доделување бесплатна техничка консултантска помош за компаниите од Југоисточниот регион со цел подобрување на управувањето со отпад или енергетска ефикасност.
Целта на бесплатната консултантска помош е да се подобри управувањето со отпад и енергија, да се идентификуваат мерки за намалување на трошоците за енергенси и да се подобри работењето на компанијата од аспект на животна средина и услогласеност со националното законодавство.
На повикот за бесплатна консултантска помош може да се пријават сите компании кои ги исполнуваат следните услови:
1. Согласно својата основна дејност/активност прапаѓаат на една од следните сектори:
-
-
- преработка и производство на храна и пијалоци
- конзервирање на овошје и зеленчук
- производство на кондиторски производи
- преработка на дрво и дрвна маса и производство на мебел
- обработка на метали
- производство на различни хемиски производи и пластични маси
- оранжерии, свињарски и живинарски фарми
- отелиерство, услужни дејности и градежништво
-
2. Имаат идентификувани проблеми во животна средина (управување со отпад и енергија
3. Имаат не повеќе од 150 вработени