ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

објавено во АКЦИСКА МЕРКА | 0

Планирано е поврзување на мрежата на велосипедски патеки низ градот со изградба на велосипедски патеки по можност во најкратка линија меѓу најгусто посетените места во градот, како и покрај зелени и речни текови.

МАЛИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ

објавено во АКЦИСКА МЕРКА | 0

Оваа мерка претставува еколошки и урбано-инклузивен чекор кон модерен јавен превоз. Овие возила се идеални за тесни улици, туристички и пешачки зони каде традиционалниот превоз е ограничен, овозможувајќи тивка, достапна и нискоемисиска мобилност.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВОЗЕН ПАРК

објавено во АКЦИСКА МЕРКА | 0

Подобрување и проширување на мрежата на градски транспорт и меѓу општинскиот превоз во регионот. Постепена замена на возниот парк со ниско – или нула емисиони возила (електрични/хибридни).