Целта е воспоставување на систем за селекција на отпад преку поставување контејнери за пластика, хартија, стакло и метал низ сите општини, отворање локални центри за сортирање и воведување финансиски стимуланси за граѓаните.
Воведување на унифициран систем за селекција на отпад (домаќинства, бизниси) низ целиот регион. Формирање на регионален центар за селекција и третман на отпад.
Се предвидува субвенционирање на фотонапонски системи за домаќинства и колективни објекти со цел намалување на побарувачката на електрична енергија од мрежата.