Во Општина Новаци успешно се одржа втората форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, на која активно учествуваа граѓани, претставници на институции, граѓански организации и други засегнати страни, продолжувајќи го процесот на заедничко креирање на проекти од интерес за локалната заедница.
На почетокот на сесијата беше направен осврт на заклучоците од првата форумска сесија и на работата што беше реализирана меѓу двете сесии, по што беа презентирани критериумите за избор на проектите и предложените концепти подготвени од работните групи.
Во рамките на форумската сесија беа презентирани и разгледани следните проектни концепти:
Инклузивни и безбедни образовни простори за децата во Општина Новаци – проект насочен кон уредување на училишниот двор и реконструкција на фасадата на ООУ „Славко Лумбарковски“, како и создавање современ, безбеден и инклузивен простор за игра во детската градинка „Бамби“, со еднаков пристап за сите деца.
Реконструкција на фудбалскиот стадион во Новаци – уредување на теренот и трибината – концепт кој предвидува подобрување на условите за спорт, рекреација и одржување на спортски настани, со поголема безбедност и пристапност за сите корисници.
Изградба на теретана во затворен простор во Општина Новаци – проект со кој ќе се овозможи современ простор за рекреација и физичка активност во текот на целата година, достапен за младите, жените, лицата со попреченост и сите заинтересирани граѓани.
Изградба на фитнес-зона на отворено со зип-линија за деца кај спортско-рекреативната патека во Новаци – иницијатива за создавање нов бесплатен простор за спорт, рекреација и игра, кој ќе биде достапен за деца, млади и семејства.
По презентацијата следуваше конструктивна дискусија, при што учесниците дадоа свои предлози и препораки за понатамошно доразвивање на концептите. Беа дооформени и работните групи кои во наредниот период ќе работат на подготовка на целосните предлог-проекти, а учесниците беа запознаени и со форматот за нивна подготовка.
Форумскиот процес продолжува и во следниот период, со заедничка цел преку активно учество на граѓаните да се избере проект што ќе придонесе за подобар квалитет на живот и поинклузивен развој на Општина Новаци.
@Embassy of Switzerland in North Macedonia
@Министерство за локална самоуправа
@UNDPMK
#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети
#EMC2
#CitizensComeFirst
#CHinMK
Извор: Општина Новаци