На 14тата Конференција на страните на Конвенцијата за борба против опустинувањето (COP14), која се одржа во Њу Делхи, Индија од 2-13 Септември 2019, Центар за климатски промени доби статус на акредитирана страна на Конвенцијата.

Конвенцијата на Обединетите нации за борба против опустинувањето (UNCCD) обезбедува одлична платформа за целосно учество на граѓанските организации (ГО) не само на национално ниво како чинители одговорни за имплементација на UNCCD, туку и на ниво на одлучување обезбедувајќи нивно учество на сесиите на Конференцијата на страните (COP) на Конвенцијата. Претставниците на ГО можат да учествуваат како набудувачи на официјалните сесии на COP и нејзините подружници за да го претставуваат населението што живее во погодените области на меѓународната сцена.

Покрај нивните интервенции за време на официјалните сесии и можноста за организирање на на надворешни настани, во рамките на COP се организираат сесии за отворен дијалог со ГО. Во текот на овие сесии, претставниците на ГО ја организираат агендата и поставуваат сценарио за размена со страните, агенциите на Обединетите нации и меѓувладините организации за прашања што се од значење за граѓанското општество.

Се надеваме дека ваквите активности во рамките на конвенцијата ќе ни обезбедат можност за изнаоѓање начини за полесно справување со ефектите од климатските промени особено оние поврзани со опустинувањето.