Велес: ТППЕ ВЕЛЕС ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ, 20 МАЈ

објавено во Општински вести | 0
Велес: ТППЕ ВЕЛЕС ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ, 20 МАЈ

Со показни вежби и презентација на возила и опрема, Територијалната противпожарна едница Велес, на 20 Мај, ќе го одбележи Денот на пожарникарите.  Настанот ќе се одржи во просториите на ТППЕ Велес со почеток во 10:00 часот. Учениците од основните училишта и децата од градинката „Димче Мирчев“ ќе имаат можност одблиску да се запознаат со работата на пожарникарите, да проследат симулации на интервенции и да ја разгледаат специјализираната опрема што пожарникарите ја користат при спасувачки акции. Истовремено ќе имаат можност да се дружат со храбрите луѓе кои секојдневно се грижат за нашата безбедност.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес