Чаир (Новости): Гала-вечерта „Inva & Friends“ ја одбележа третата вечер на Меѓународниот музички

објавено во Општински вести | 0
Чаир (Новости): Гала-вечерта „Inva & Friends“ ја одбележа третата вечер на Меѓународниот музички

Куршумли ан се претвори во сцена на класичната и оперската музика со гала-вечерта „Inva & Friends“, еден од централните настани на првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“.

Во присуство на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, министри, заменици министри, градоначалници, пратеници, функционери, претставници на различни институции и бројни љубители на уметноста, публиката имаше можност да ужива во настапите на светски познатата сопранистка Инва Мула, заедно со Дешира Ахмети-Крлиу, Норма Серени, Јонела Мани, Мустафа Имери, Ѓерѓи Мани и Ѓорѓи Петрушевски, во придружба на Скопскиот симфониски оркестар – AYGA, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Специјален гостин на концертот беше Детскиот хор „Окарина“ од Косово, под диригентство на Еликона Хисај-Шала.

Во организација на Општина Чаир, Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ продолжува да носи уметници со меѓународен углед и програми од врвно уметничко ниво, афирмирајќи ја Старата скопска чаршија како значаен простор за културата и поставувајќи ги темелите на една нова традиција, која има за цел да го позиционира Скопје на мапата на најзначајните културни настани во регионот.


Извор: Општина Чаир