Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 22.07.2026 година, донесe
РЕШЕНИЕза свикување на 14 Седница наСоветот на Општина Делчево
Ја свикувам 14. Седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 31. 07. 2026 година (петок) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За Седницата го предлагам следниот
Предлог-одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2026 година.
Образлагач по точката: Ана Ситновска-Димитровска, раководител на Одделение за буџетска контрола, сметководство и администрирање
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09-2537/122.07.2026 годинаДелчево
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОПретседател,Николчо Стојменовски, с.р.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево