Гевгелија: Општина Гевгелија добитник на EUMEL признание од Програмата „ЕУ за општините“ (EU4M)

објавено во Општински вести | 0
Гевгелија: Општина Гевгелија добитник на EUMEL признание од Програмата „ЕУ за општините“ (EU4M)

Општина Гевгелија е добитник на наградата за извонредност EU4M Municipal Excellence Label (EUMEL) во рамките на Програмата „ЕУ за општините“ (EU4M), финансирана од Европската Унија. Признанието беше доделено на финалниот настан „Excellence in Local Governance“, кој се одржа во Националната опера и балет во Скопје.

Настанот се одржа по повод заокружувањето на шестгодишниот циклус на програмата „ЕУ за општините“, која успешно се реализираше во партнерство со Министерството за локална самоуправа.

На настанот поздравни обраќања имаа амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас; првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали; министерот за локална самоуправа, Златко Перински; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; како и заменик-министерот за финансии, проф. д-р Николчe Јанкуловски.

Во рамки на Програмата беа презентирани резултатите од повеќегодишната имплементација, насочена кон зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа, подобрување на управувањето со јавните политики и унапредување на пристапот до европските фондови.

Еден од најзначајните сегменти на настанот беше доделувањето на EUMEL признанијата, со кои се наградуваат општините за извонредни резултати во области како имплементација на ЕУ проекти, финансиско управување, прекугранична соработка, развој на туризмот и институционално јакнење.

Признанието за Општина Гевгелија произлегува од нејзиното активно учество во меѓуопштинската соработка на 11 општини од Повардарскиот регион и формирањето на Организацијата за управување со дестинација (DMO), со цел координиран развој на туризмот и зајакнување на регионалната туристичка понуда.

Со ова признание, Општина Гевгелија ја потврдува својата посветеност кон одржлив развој, унапредување на туристичките потенцијали и активно учество во европските и регионалните процеси на соработка.

Инаку, Програмата „ЕУ за општините“ (EU4M) се спроведува во партнерство со Министерството за локална самоуправа, со цел зајакнување на капацитетите на сите 81 општина во земјата, унапредување на користењето на европските фондови и поттикнување на регионална и прекугранична соработка.

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk

© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.

Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.

Прифатете само основни колачиња.

Индивидуални поставки за приватност

Детали за колачињаПолитика за приватност

На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.

Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња

Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

powered by Borlabs Cookie

Политика за приватност


Извор: Општина Гевгелија