Велес: НОВИ КАНТИ ЗА ОТПАД ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

објавено во Општински вести | 0
Велес: НОВИ КАНТИ ЗА ОТПАД ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

За илјада сто и педесет домаќинства од руралните средини се обезбедени канти за отпад. Во изминативе денови се вршеше дистрибвуција на нови канти за домаќинствата во селата Црквино, Башино Село, Мамутчево, Дорутовец, Чолошево, Отовица и Новачани каде што беа поделени 410 канти. Во наредните денови останатите ќе се поделат во Сојаклари, Раштани, Караслари, Оризари, Бузалково, Клуковец и Бела Вода.

Со ова значително се подобруваат условите за правилно одлагање на комуналниот отпад како и за одржување и унапредување на јавната хигиена и заштитата на животната средина во руралните средини.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес