Делчево (Новости): Во завршна фаза е дворното уредување на новата детска градинка

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Во завршна фаза е дворното уредување на новата детска градинка

Се поставуваат планираните содржини во дворот на новата детска градинка со што започна последната фаза од дворното и партерно уредување на новата детска градинка во населба Расадник која полека го добива својот финален изглед.

Увид во текот на работите направи градоначалникот Иван Гоцевски кој изрази задоволство од квалитетот на извршената работа која е во завршна фаза.

-Деновиве се монтираат содржините од детското игралиште, а согласно со проектот, изградена е дворна ограда во должина од околу 200 метри, летниковец, печашки патеки, детско игралиште со најразлични содржини. Следува процес на набавка на мебел и други потребни средства, а се очекува новата градинка која ќе пружа одлични современи услови за престој и воспитно-образовна дејност на 130 дечиња, да ги прими своите први дечиња во текот на оваа 2026 г., нагласи Гоцевски.

Работите ги извршува фирмата ПАНЕЛ-М од Тетово, а вкупната вредност на договорот е 6,7 милиони денари со вклучен ДДВ.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево