Вечерва бев дел и од големиот концерт на КУД „Везилка“ од Новаци, настан кој уште еднаш ја потврди силата и вредноста на традицијата во нашата општина.
Посебна чест беше што како гости на концертот настапија и КУД „Илинден“ од Демир Хисар, кои дополнително ја збогатија вечерта со својата изведба.
Преку игра, песна и носии, беше прикажано богатото културно наследство што со генерации се пренесува и негува. Во изминатите 30 години, Општина Новаци се докажа како средина која ги чува своите корени, а ваквите настани се доказ дека таа традиција ќе продолжи да живее и во иднина.
Новаци важи за општина со длабоки и стари традиции, кои претставуваат гордост за сите нас. Особено е убаво и инспиративно да се гледаат млади луѓе кои со љубов и посветеност ја негуваат традицијата во својата средина, продолжувајќи го она што го граделе генерации пред нив.
Токму во тоа лежи силата на една заедница – во зачувувањето на своите вредности и нивното пренесување на идните поколенија.
Извор: Општина Новаци