Одбележувањето на 15-годишнината од Фондацијата „Албиз“ претставуваше значаен момент на рефлексија и благодарност за континуираниот придонес во поддршката на образованието и студентите.
Вечерва, на оваа свеченост присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кој ја истакна важноста на улогата на фондацијата во јакнењето на младите преку образованието, нагласувајќи дека вложувањето во знаење е најсигурната основа за општествен и економски развој.
Овој јубилеј претставува патување изградено врз визија, одговорност и транспарентност, додека поддршката на студентите останува директна инвестиција во посигурна и поперспективна иднина за нашето општество.
Извор: Општина Чаир