Крива Паланка (Новости): Фолклорна вечер на „Кривопаланечко културно лето“ – КУЗ „Фолклористи“ ќе ја оживее сцената со македонски…

објавено во Општински вести | 0
Крива Паланка (Новости): Фолклорна вечер  на „Кривопаланечко културно лето“ – КУЗ „Фолклористи“ ќе ја оживее сцената со македонски...

Во рамки на „Кривопаланечко културно лето 2026“, љубителите на традиционалниот македонски фолклор ќе имаат можност да уживаат во уште една содржински богата културна вечер посветена на песната, играта и богатото фолклорно наследство.

На 25 јули, со почеток во 20:00 часот, на Плоштадот „Карпошово востание“ ќе се одржи Фолклорна вечер, на која свој свечен концерт ќе приреди Културно-уметничкото здружение-КУЗ„Фолклористи“, заедно со фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од Македонија и од странство.

Посетителите ги очекува вечер исполнета со сплетови на македонски ора и песни, традиционални вредности и емоции што ја поврзуваат сегашноста со богатото културно наследство на нашиот народ.

Општина Крива Паланка ве поканувазаедно да ја прославиме убавината на фолклорот и да уживаме во магијата на традицијата под отворено небо.

25 јули – 20:00 часотПлоштад „Карпошово востание“


Извор: Општина Крива паланка