Неготино (Вести): Нацева: Во Црвени Брегови ќе се гради фекална канализација во должина од 1.622 метри27/02/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева…Read More→Нацева: Во Црвени Брегови ќе се гради фекална канализација во должина од 1.622 метри

објавено во Општински вести | 0
Неготино (Вести): Нацева: Во Црвени Брегови ќе се гради фекална канализација во должина од 1.622 метри27/02/2026|Новости|adminГрадоначалничката на општина Неготино Марија Нацева...Read More→Нацева: Во Црвени Брегови ќе се гради фекална канализација во должина од 1.622 метри

27/02/2026|Новости|admin

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева информираше дека по децении чекање, конечно жителите на селото Црвени Брегови ќе добијат фекална канализација во вкупна должина од 1.622 метри.

Имено, по добиените услови за планирање од Агенцијата за планирање на просторот и решението од Министерството за животна средина и просторно планирање, изработен е проект кој ќе биде преточен во дело и со кој се решава еден од најголемите проблеми на жителите на селото.

Вкупната проектна должина на фекалната канализација во Црвени Брегови е 1.622 метри, а според хидрауличната пресметка меродавната количина на отпадна вода изнесува 1,55 лит/сек. Инаку, целата канализациона мрежа е проектирана гравитационо отпадните води да се одведат во реката Вардар.


Извор: Општина Неготино