Привршуваат подготовките околу организацијата на првиот Саем на пијанечки мед во Делчево, како дел од манифестацијата Денови на пијанечкиот мед кој е во организација на Здружението „Пијанечка пчела два“ , а со поддршка на Општина Делчево. Саемот ќе се одржува на 10 и 11 април, а тезгите ќе бидат поставени во паркот пред Спомен-домот АСНОМ.
Како што информираат организаторите, на Саемот досега учество пријавиле 15 пчелари од Делчево, но и од поширокиот регион од Берово, Струмица, М. Каменица и др. општини.
Јованчо Медарски, претседател на Здружението потврди дека на тезгите освен мед и производи од медот ќе се најдат и алатки и најразлична опрема која е потребна за одржување на пчелните семејства и квалитетно производство на мед.
Организаторите и Општина Делчево ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да ги посетат штандовите на првиот Саем на пијанечки мед.
Инаку,Деновите на пијанечкиот мед се спроведуваатпод мотото „Јади го медот како храна за да не го јадеш како лек“.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево