Од денес започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир која во текот на четири вечери ќе донесе музика и реномирани домашни и меѓународни уметници во два од најпрепознатливите простори на Старата скопска чаршија – Куршумли ан и Сули ан.
Фестивалот денес беше претставен на прес-конференција од градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со уметничките директорки Инва Мула и Дешира Ахмети-Керлиу, министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, како и претставници на културните институции и организаторите. Класична музика, опера, фламенко и корчански серенади ќе бидат дел од програмата на првото издание, со цел „Чаршија“ да изгради нова културна традиција и да заземе посебно место во културниот календар на Скопје.
Извор: Општина Чаир