Чаир (Новости): Екипите на Општина Чаир непрекинато продолжуваат со работа на терен по невремето

објавено во Општински вести | 0
Чаир (Новости): Екипите на Општина Чаир непрекинато продолжуваат со работа на терен по невремето

Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите продолжуваат интензивно да работат на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во сите погодени подрачја.

Сезонските работници на Општина Чаир, две екипи ангажирани за сечење и кастрење дрвја, како и компанијата ангажирана од Општината, континуирано интервенираат на секундарните улици и јавните површини кои се во надлежност на Општината. Четири камиони постојано се на терен за собирање и отстранување на гранките, паднатите дрвја и другиот отпад предизвикан од невремето.Активностите се реализираат во координација со екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, со цел што побрзо расчистување и уредување на погодените површини.

Работата ќе продолжи во текот на целиот ден до завршување на неопходните интервенции, а расчистувањето и уредувањето ќе продолжат и во наредните денови, сè до целосно нормализирање на состојбата.


Извор: Општина Чаир