Делчево (Новости): Потпишан Меморандум за соработка со Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Потпишан Меморандум за соработка со Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски и претседателот на Доброволната планинска спасителска служба „Осогово“ од Кочани, Гоце Исајов денеска потпишаа Меморандум за соработка. Документот претставува значаен чекор кон зајакнување на безбедноста на граѓаните и посетителите на нашата Општина, особено во планинските подрачја.

Обврската на двете страни е заедничко и координирано имплементирање на сите предвидени активности во насока на подобрување на безбедноста на планина, побрза и поефикасна координација при интервенции, размена на знаења и искуства, како и заеднички активности насочени кон превенција обука и навремена реакција во случаи на несреќи и вонредни состојби.

– Развојот на туризмот, посебно планинскиот, а со тоа и сèпоголемиот број посетители, вљубеници во планината и природата, нèобврзува да бидеме одговорни и подготвени како добри домаќини да пружиме поголема безбедност и заштита на сите граѓани и посетители. ДПСС претставува важен партнер, а нивната стручност, хуманост се од непроценливо значење. Како одговорна Општина остануваме посветени на градење партнерства кои директно придонесуваат за поголема сигурност и безбедност на заедницата, истакна градоначалникот Гоцевски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево