Кочани (Вести): Средба на градоначалникот Владко Грозданов со амбасадорката на Холандија Узлем Џанел

објавено во Општински вести | 0
Кочани (Вести): Средба на градоначалникот Владко Грозданов со амбасадорката на Холандија Узлем Џанел

На средбата се разговараше за актуелната состојба во Кочани, со посебен осврт на предизвиците во периодот на закрепнување, како и за можните облици на понатамошна поддршка и продлабочување на соработката меѓу Општината и холандските партнери.

Амбасадорката Џанел истакна дека Кочани и регионот се препознатливи по присуството на холандски инвеститори, кои во наредниот период ќе настојуваат, покрај економската активност, да понудат и конкретни социјални мерки. Тие мерки ќе бидат насочени кон интеграција на повредените лица во стопанскиот сектор, преку создавање можности за вработување, преквалификација и долгорочна економска стабилност.

Градоначалникот Грозданов се заблагодари за континуираната поддршка од Холандија и за подготвеноста за размена на искуства во справувањето со последици од трагедии.

Од двете страни беше изразена подготвеност за понатамошна соработка, особено во делот на економски развој, социјална инклузија и унапредување на безбедносните стандарди, со цел Кочани да изгради поотпорна и посигурна иднина за своите граѓани.


Извор: Општина Кочани