Кочани (Вести): Реализирана првата фаза од авиопрскањето против комарци во Кочани и Кочанско

објавено во Општински вести | 0
Кочани (Вести): Реализирана првата фаза од авиопрскањето против комарци во Кочани и Кочанско

На 26 јуни во утринските часови, на територијата на општина Кочани се спроведе првата фаза од авионското третирање против комарци.

Активностите ги спроведоа стручни екипи на Друштвото за воздушен транспорт „Аероклуб“ – Скопје, со поддршка од Општина Кочани.

Третманот е извршен со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид, одобрен од надлежното Биро за лекови.

Со реализацијата на оваа мерка, Општина Кочани ги продолжува активностите насочени кон превенција и заштита на јавното здравје во летниот период, во согласност со Законот за заштита на населението од заразни болести и во рамки на спроведувањето на превентивната систематска дезинсекција.


Извор: Општина Кочани