Делчево (Новости): Раната превенција од пожари-тема на Општинскиот штаб за заштита и спасување

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Раната превенција од пожари-тема на Општинскиот штаб за заштита и спасување

Раната превенција од пожари на отворен простор денеска беше тема на Состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување. На Состанокот,надлежните инстистуции ги изнесоа анализите и видувањата со состојбата на пожарите на отворен простор во Делчево, информација од минатогодишната состојба со пожарите на отворен простор, увид на оперативните планови за заштита и спасување од пожари, но се дискутираше и за состојбата со силите за заштита и спасување од пожари на надлежните служби, но беше извршена и анализа на извршените подготовки и материјално-техничка опременост на надлежните за заштита на шумите и др. отворени простори од пожари.

Градоначалникот Гоцевски кој претседава со телото, посочи дека Општинскиот штаб за заштита и спасување има исклучително важна улога во превенцијата од пожари, особено во периодите кога ризикот од шумски и пожарите на отворено е зголемен.

–Анализата од пожарите од минатите години укажуваат на сериозноста и опасноста која со себе ја носат пожарите на отворено и бара будност од сите и преземање низа превенитивни мерки коисе насочени кон намалување на веројатноста за настанување пожар и намалување на изложеноста и ранливоста на населението, објектите и инфраструктурата,навремена координација со сите надлежни институции, да се зајакне подготвеноста на противпожарните служби и да се преземат превентивни мерки со кои ќе се заштитат граѓаните, имотот и природата, истакна Гоцевски.

Гоцевски нагласи дека само преку заедничка работа со ТППЕ, јавните претпријатија и другите служби, се создава систем на навремена реакција, но истовремено се апелира и до граѓаните да бидат внимателни и одговорни и да се вклучуваат во акциите при гасење пожари.

На Состанокот беше потенцирано дека ефикасниот систем за превенција и рано предупредување претставува клучен елемент во намалувањето на последиците од пожари, особено шумските пожари кои на подрачјето на Делчево се карактеризираат со брзо ширење во ридско-планински услови. Раното откривање и навременото информирање овозможуваат побрза мобилизација на ресурсите, подобра координација и значително намалување на материјалните и еколошките штети.

Инаку, директнитезагубиод шумските пожари во периодот од2004година, па до 2025годинасогласно  со Годишните оперативни планови за заштита на шумите од пожари изработени од страна на ЈП НШ ПШС Голак – Делчево покажуваат дека вовкупно109шумскипожариопожарени се4132,77хектаришумскиповршинииизгоренисе316.257м3 дрвна масапри што е причинета директна материјална штета од2.641,800,693денари.Но, штетата од пожарите во шумите не се мери само со директните штети врз дрвната маса- последиците се многукратни: од ерозија на земјиште до уништување на живиот свет и уништување на сите функции и привилегии кои ги има шумата.

Согласно со анализата од ЦУК Делчево, пожарите на отворен простор започнуваат во месец февруари и траат до октомври, а во периодот од 2012-2025 година има вкупно во евиденцијата на РЦУК – Делчево 384 пожари.

Заклучоците од Состанокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе бидат дополнително објавени.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево