Делчево (Новости): ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во…

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): ЈАВЕН ПОВИК  за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во...

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018 и 21/25) и Програмата за спорт на Општина Делчево за 2026 година (Службен гласник на Општина Делчево бр.22/2025),  а согласно Предлог на Комисијата за спорт даден на Записник бр. 08-117/1 од 15.01.2025 година,  Градоначалникот на Општина Делчево  на ден 16.01.2026 година објавува

за доделување нафинансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија иправни лица во областа на спортот од Општина Делчевоза 2026 година

Со цел да се зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските организации и да се придонесе во развојот на спортот на локално ниво, Општина Делчево ќе врши распределба на средства од Буџетот на Општината за 2026 година кои се наменети зa финансиска помош  на спортски клубови, спортски здруженија и  правни лица во областа на спортот согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018 и 21/25), а согласно Програмата за спорт на Општина Делчево за 2026 година (Службен гласник на Општина Делчево бр.22/2025) и согласно утврдените критериуми објавени во овој повик.

Се повикуваат сите спортски клубови, спортски здруженија, спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште и  правни лица во областа на спортот кои се  регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, да достават свои апликации во предвидениот рок.

I. Право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат следните општи услови:

Право на учество имаат спортски клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево;

Право на учество имаат правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

II. Основни критериуми кои треба да ги исполнуват субјектите кои ќе се пријават на овој повик се:

III. Посебни критериуми врз основа на кои ќе се врши оценување на спортски клубови и спортски здруженија:

Масовност- Број на членови

Лига во која се натпреваруваат

Остварени успеси од претходната сезона

IV. Потребна документација која треба да ја доставатСпортските клубови и спортските здруженија :

Правните лица во областа на спортот кои  ќе се пријават  на јавниот повик за да организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево кон пријавата треба да достават:

V. Висината на финансиската помош која поединечно може да ја добие спортскиот клуб, спортското здружение и правни лица во областа на спортот може да изнесува најмногу до 300.000денари.

VI. Рокот за пријавување изнесува 15 дена, започнувајќи од 16.01.2026 година, а крајниот рок за поднесување на пријави е 30.01.2026 година.

VII. Начин на пријавување и адреса на која треба да се достават пријавите

ПРИЈАВА за аплицирање на јавен повик за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија иправни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2026 година

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево