Врз основа на Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за 2026година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 15/25од 25.12.2025 година) на17.2.2026година се објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за ангажирање лични асистенти во
проектот „Образование за сите“
Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат следниве услови да се пријават на Јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби во проектот „Образование за сите“:
Предност ќе имаат кандидатите што:
– имаат завршено високо образование: дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог или дипломиран социјален работник;
– имаат искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти;
– поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост издадена од овластена институција.
Барањето за учество во проектот „Образование за сите“ (заедно со потребната придружна документација) може да се поднесе во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9 до 15 часот.
Потребни документи за учество во Јавниот повик се:
Јавниот повик ќе трае пет (5) работни дена од денот на неговото објавување. Јавниот повик е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопјеи на огласните табли на општинските основни училишта на територија на Општина Центар-Скопје.
Заинтересираните лица што ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар-Скопје, во учебната 2025/2026 година. Тие ќе имаат скратено работно време од дваесет (20) работни часа неделно, во период од четири (4) месеци, почнувајќи од март 2026 година до крајот на учебната 2025/2026 година.
За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 15.000,00 денари (нето-износ), со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.
Другите услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување Договор помеѓуOпштина Центар-Скопје и ангажираните лица.
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ
Извор: Општина Центар