Делчево (Новости): Јавна покана за Бизнис-форумот во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Јавна покана за Бизнис-форумот во Делчево

Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, претставници на бизнис-заедницата, на институтциите и на граѓанскиот сектор да земат учество на првиот Бизнис –форум кој ќе одржи на 30.04.2026 год. (четврток) во 12 часот, во салата на Спомен- дом АСНОМ при Општина Делчево на тема:„Заедно да подадеме рака на развојот!“.

Целта на бизнис -форумот е подобрување на постојните и воспоставување нови деловни врски, како и дефинирање на идните насоки на економска соработка меѓу Општина Делчево и пограничните општини од Р.Бугарија кои традиционално одржуваат блиски економски односи, особено во последните неколку години.

На настанот ќе учествуваат претставници на институции и бројни компании од нашата општина и пограничните општини од Република Бугарија, со цел поттикнување на соработката во областите на трговијата, производството и инвестициите, како и создавање нови можности за деловно вмрежување.

Средбата на бизнисмени ќе ја предводи градоначалникот на Општина Делчево, а форумот нуди уникатна можност за:

–Вмрежување и соработка;

–Размена на идеи и добри практики;

–Афирмација на локалните и регионалните можности за развој на стопанството;

–Поттикнување на заеднички проекти за одржлив економски развој и зелена циркуларна економија.

Придружете ни се и бидете дел од градењето на понапредна и поврзана бизнис- заедница, каде што границите се мостови за соработка.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево