Делчево (Новости): Се зајакнува улогата на советите во општините

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Се зајакнува улогата на советите во општините

Претседателотна Советот на Општина Делчево,Николчо Стојменовски денескаучествувашена работниотсостанок напретседателите насоветите на единиците на локалната самоуправа во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.

На состанокот беа разменети искуства и добри практики, а посебен акцент беше ставен на потребатасоветите да се подготват за тековните процеси на децентрализација и да ја зајакнат својата улога во локалното управување.

–Како претставник на Општина Делчево, ги споделив искуствата и практиките од работата на Советот, нагласувајќи ја важноста на конструктивната соработка меѓу локалната власт, администрацијата и граѓаните за создавање подобри услови за развој на општините. Ваквите средби придонесуваат за поефикасна и потранспарентна локална самоуправа, нагласи Стојменовски.

Проектот„Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, е финансиран од Швајцарската амбасада и од Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и кофинансира Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), се објавува вториотЈавен повик за изразување интерес на општините за учество во проектот.

Други партнери во спроведувањето на проектот се Министерството за финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Здружението на финансиски работници (ЗФР), UN Women, NALAS, организации од граѓанскиот сектор, како и единиците на локална самоуправа во Северна Македонија.

Главната цел на проектот е унапредување на поддршката за развојот на локалните самоуправи, првенствено преку зајакнување на општински совети кои ќе бидат во можност ефективно да ги исполнат нивните доделени улоги на претставување, надзор и донесување општински одлуки со активно вклучување на граѓаните.

Времетраењето на проектотеод 2022 до 2027 година,авкупно 40 општиниседиректно вклучени вонегова реализација.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево