Велес: ВИКЕНДОВ ДВЕ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ ОД ЈУБИЛЕЈНИОТ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

објавено во Општински вести | 0
Велес: ВИКЕНДОВ ДВЕ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ ОД ЈУБИЛЕЈНИОТ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

Викендов Велес беше центарот на тетараската уметност, стартуваше јубилејното издание на театарскиот фестивал „5ре“ за чии претстави се бараше билет повеќе. На отворањето на фестивалот во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко беше доделена истоимената награда за животно дело на актерот Атила Клинче за својот долгогодишен творечки опус како актер и професор. Тој се заблагодари и рече дека е горд што ја добива наградата во чест на Прличко кој според него има голем придонес за македонскиот театар и културата воопшто

На првата фестивалска вечер, љубителите на театарската уметност имаа можност да ја проследат претаставата „Тестостерон“ во режија на Синиша Ефтимов и во изведба на актерите од велешкиот театар Ј.Х.К.Џинот“. Тие со своите маестрални глумачки вештини ги задоволија високите критериуми за хумор на публиката која ги награди со громогласен аплауз и овации.

На големо задоволство на публиката истата претстава се изведе и во саботата

Театарскиот фестивал продолжува на 31 март  кога на сцената на театарот актерите од Драмски театар ќе ја изведат преставата „Куршуми над Бродвеј“ во режија на Ненад Витанов.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Велес. Сите информации за градот и околината на едно место.


Извор: Општина Велес