Македонска Каменица (Настани): СООПШТЕНИЕ: ВО НОЌТА ПОМЕЃУ 18 И 19 ЈУНИ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ТЕРЕСТИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

објавено во Општински вести | 0
Македонска Каменица (Настани): СООПШТЕНИЕ: ВО НОЌТА ПОМЕЃУ 18 И 19 ЈУНИ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ТЕРЕСТИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека воноќта помеѓу 18 и 19 јуни 2026 година, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, ќе се спроведетерестично прскање против комарцина подрачјето на Општина Македонска Каменица.

Третманот ќе се изврши на површина од200 хектари, согласно склучениот договор за јавна набавка за терестична апликација за уништување на возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција), при што ова претставувапрво прскањепредвидено за 2026 година.

Третманот ќе го спроведеЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со употреба на соодветен инсектицид одобрен за оваа намена.

Се апелира до сите пчелари на подрачјето на Општина Македонска Каменица навремено да ги преземат потребните заштитни мерки за заштита на пчелните семејства за време на третманот и непосредно по неговото завршување.

Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.

Општина Македонска Каменица продолжува со активности насочени кон заштита на јавното здравје и подобрување на условите за живот на граѓаните.


Извор: Општина Македонска каменица