Радовиш (Вести): Јавен Оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тр

објавено во Општински вести | 0
Радовиш (Вести): Јавен Оглас за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тр

Врз основа на член 34 од Статутот на општина Радовиш (Сл.гласник на општина Радовиш бр. 05/02), како и врз основа Правилникот за критериуми за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници бр.08-348/1 од 11.02.2015 год., Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш на ден 09.01.2026 год. објавува :

за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2025 год.

како и за спортски работник за повеќегодишна работа

Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2025 година, а во прилог да бидат приложени докази за истите  (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).

Комисија за култура, образование и спорт

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака :За избор на спортист на годината

Kомисија за култура, образование и спорт

Претседател : Гордана Здравкоска


Извор: Општина Радовиш