Охрид (Јавен оглас): ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

објавено во Општински вести | 0
Охрид (Јавен оглас): ЈАВЕН ПОВИК  ЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ  СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2026 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИКЗА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕСО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ ВО УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови. Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. За оваа намена во буџетот на општина Охрид за 2026 година се предвидени 150.000,00 денари.

1. Услови кои лицата треба да ги исполнуваат:

2. Потребни документи и начин на пријавување

Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса:Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст ,или лично во архивата на општина Охрид.

3. Рок на пријавување

Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.


Извор: Општина Охрид