[vc_row][vc_column][vc_images_carousel images=”61223,61229″ img_size=”full” slides_per_view=”2″ hide_pagination_control=”yes”][vc_column_text]И оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и хигиенски производи кои беа донирани од страна на учениците од општинските основни училишта, децата од јавните општински установи-детските градинки, како и од вработените во општинската администрација во Карпош. Оваа хуманитарна акција традиционално се одржува два пати во годината: еднаш напролет, по повод Велигденските празници, како и наесен по повод роденденот на Општина Карпош.
Заложбата на општинската администрација, како и на градоначалникот Сотир Лукровски, е и во иднина максимално да им се помага на нашите сограѓани и семејства кои се наоѓаат во зоната на социјален ризик, но и да им помага, согласно законските надлежности и ингеренции, да се позиционираат и да бидат конкурентни на пазарот на трудот, излегувајќи од сферата на социјалниот ризик.[/vc_column_text][vc_video link=””][vc_separator color=”blue” border_width=”3″][vc_images_carousel images=”61218,61219,61220,61221,61222,61223,61224,61225,61226,61227,61228,61229,61230,61231,61232,61233,61234,61235″ img_size=”full” slides_per_view=”4″ hide_pagination_control=”yes”][/vc_column][/vc_row]
Извор: Општина Карпош